Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски е подготвен за примирје ако Украина влезе во НАТО

30 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека би можел да биде постигнат договор за прекин на огнот ако украинската територија која сега е под контрола на Киев влезе под „чадорот на НАТО“ што би му овозможило да преговара за враќање на остатокот на територијата „на дипломатски начин“.

 Во интервју за Скај Њуз Зеленски кажа дека би можело да се понуди членство во НАТО за неокупираните територии за да се заврши „жешката фаза на војната“, а дека во самиот повик во нато членството би морале да се признаат меѓународно признатите граници на Украина.

 Изгледа дека прифаќа окупираните источни делови на земјата да бидат надвор од таквиот договор за сега, пишува Скај Њуз.

 Треба тоа да го направиме брзо, а потоа окупираната територија украина може да ја врати по дипломатски пат, додаде Зеленски, посочувајќи дека е потребен прекин на огнот за да се „гарантира дека Путин нема да се врати“ да заземе уште украинска територија..

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ