- Мислам дека на луѓето кои знаат како функционира ЕУ и по кои критериуми земјите стануваат членки, апсолутно им е јасно дека Украина не исполнува ниту еден од поставените критериуми. Таму нема ништо: нема демократија, транспарентен судски систем, антикорупциско законодавство, рече Захарова за Спутник.
Според неа, „приемот на Украина во ЕУ им е потребен не на обичните граѓани на Унијата, туку на европските бирократи кои спроведуваат политики не земајќи ги предвид интересите на земјите-членки“.
- Додајте ја на тоа и тешката ситуација на европската економија, економијата на ЕУ, и ќе го добиете соодветниот резултат, заклучи Захарова.

