Захарова: Испраќањето војници на НАТО во Украина е целосно неприфатливо за Русија

23.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Захарова: Испраќањето војници на НАТО во Украина е целосно неприфатливо за Русија

Захарова, пренесуваат руските медиуми, реагираше на изјавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека најмалку 200.000 европски војници како мировна мисија треба да бидат распоредени во Украина за да се спречи евентуален нов руски напад врз неговата земја по склучувањето на примирјето.

Зеленски повика и на зголемен притисок и повеќе санкции врз Москва, а исто така побара повеќе системи за воздушна одбрана за заштита на украинските градови и оружје за армијата.

 Тој изјави дека се потребни „повеќе санкции кон Русија, повеќе воздушна одбрана за заштита на нашите градови и населби и оружје за нашите војници на фронтот“.

„Поддршката на Украина е нешто што спасува животи и нешто што не може да чека“, рече украинскиот претседател.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата