Загинат и петмина ранети во вооружена престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Загинат и петмина ранети во вооружена престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана

Според полициските информации, инцидентот се случил вчера попладнето во зоната за храна во трговскиот центар „Mall of Louisiana“ во Батон Руж. Притоа дошло до расправија меѓу две групи, што преминала во престрелка.

Властите првично соопштија за десет повредени, но подоцна бројот беше ревидиран. Пет лица се уапсени, соопшти локалната полиција.

На паркингот на трговскиот центар веднаш по информацијата за инцидентот биле распоредени десетици полициски возила, додека неколку хеликоптери кружеле над областа, а вооружени полицајци со панцири патролирале на терен.

Очевидците на настанот велат дека посетителите и вработените во трговскиот центар поанично бегале и врескале...

„Помислив дека станува збор за терористички напад“, изјави Алекс Терио, електротехничар кој работел во објект на неколку метри од местото на настанот. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата