Врховниот суд на страната на Трамп- трансродови лица не смее да бидат војници

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Врховниот суд на страната на Трамп- трансродови лица не смее да бидат војници

Забраната беше привремено блокирана од судија во Вашингтон откако неколку припадници на војската, вклучувајќи ја и командантката Емили Шилинг, пилотка на борбени авиони на морнарицата, поднесоа тужба против мерката. Трансродово лице кое сакало да се приклучи на војската, исто така се придружило на тужбата.

Во итно барање до Врховниот суд, администрацијата на Трамп тврдеше дека судовите треба да покажат почит кон воените одлуки и да ѝ дозволат на војската да одлучува за прашања како што се подготвеноста и дисциплината.

Денес, Врховниот суд објави непотпишана одлука со која се укина претходното блокирање на забраната, што овозможи таа веднаш да стапи на сила. Тројца либерални судии се спротивставија на таа одлука.

Откако дојде на власт, Трамп ја потпиша наредбата за забрана

Кратко по преземањето на функцијата, претседателот Трамп издаде две извршни наредби со кои му даде на Пентагон зелено светло да им забрани на трансродовите лица да служат во војската. Друг пропис наведува дека идентификувањето како трансродово лице е „неконзистентно со посветеноста на војникот на чесен, искрен и дисциплиниран живот“ и би влијаело негативно врз борбената готовност на војската.

Во февруари, Министерството за одбрана на САД објави дека насилно ќе ги отстрани од служба сите трансродови припадници кои веќе биле во војска во тоа време. Седум припадници на вооружените сили, вклучувајќи ја и Шилинг, поднесоа тужба тврдејќи дека политиката на забрана „ја загрозува воената подготвеност, безбедноста на членовите и го крши Уставот на САД“.

Во март, федерален судија во државата Вашингтон донесе пресуда со која ја запира забраната на национално ниво, велејќи дека владата не успеала да докаже дека забраната ќе го подобри „единството, редот или дисциплината на војниците“. Апелациониот суд на Деветтиот округ не ја отповика таа привремена мерка, па затоа таа остана во сила - до одлуката на Врховниот суд.

Сега, по одлуката на Врховниот суд, привременото блокирање на забраната повеќе не важи, а спорниот случај продолжува да се разгледува во пониските судови.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата