Вооружени напаѓачи убиле 11 луѓе на фудбалски терен по натпреварот (ВИДЕО)

26.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вооружени напаѓачи убиле 11 луѓе на фудбалски терен по натпреварот (ВИДЕО)

Тој рече дека криминалните групи се обидувале да ги покорат властите, што нема да го постигнат, објави Ројтерс.

„Меѓу повредените во жалниот и кукавички напад во заедницата Лома де Флорес за време на натпреварот имало жена и дете“, рече Прието во објава на Фејсбук, опишувајќи го инцидентот на фудбалскиот терен како „тежок социјален колапс“.

„Овој инцидент се надополнува на бранот насилство што за жал го доживуваме во земјата, а особено во Саламанка. Одговорните ќе бидат пронајдени“.

Канцеларијата на државниот обвинител во државата Гванахуато, каде што се наоѓа Саламанка, соопшти дека започнала истрага.

„Канцеларијата ги координира напорите со општинските, државните и федералните власти за зајакнување на безбедноста во областа, заштита на нејзините граѓани и пронаоѓање на веројатните сторители“, се додава во соопштението.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата