Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН по смртта на мировници во Либан

31.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН по смртта на мировници во Либан

Седницата е свикана на барање на Франција, а треба да започне во 13 часот по средноевропско време, во момент кога Израел и нареди на својата армија да ја прошири „безбедносната зона“ во Либан каде што спроведува интензивни напади и копнена офанзива.

Мировната мисија на ОН (УНИФИЛ) соопшти дека го истражува случајот кога двајца индонезиски мировници загинале „во експлозија од неразјаснето потекло што го уништила нивното возило во близина на Бани Хајан“ на границата. Уште двајца мировници се повредени во инцидентот, соопштија вчера меѓународните сили.

Мисијата УНИФИЛ што е распоредена во јужен Либан од 1978 година по првата израелска инвазија, претходно извести и за смртта на уште еден мировник од Индонезија во неделата, под слични околности во близина на границата со Израел.

Израелската армија денеска соопшти дека ги истражува инцидентите, повикувајќи „да не се носат предвремени заклучоци“ за евентуална израелска одговорност. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата