Војската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили

29.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Војската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили

Спасувачите потврдија дека најмалку 21 лице е убиено во напад врз свадбена церемонија во селото Мое Баје во јужната држава Шан денес попладне. Уште 35 лица се ранети, пишува Би-Би-Си..

Порано, завчера, најмалку 20 цивили беа убиени во напад врз селото Ин Јон во централниот регион Магвај. Владата во егзил на Мјанмар (NUG) објави дека меѓу жртвите се студенти, млади монаси и наставници. Тоа е областа каде што дејствуваат силите на отпорот.

Цел на нападот вечерва беше и градот Мраук-У во западната држава Ракхине, каде што беше бомбардиран станбен кварт. Според првите информации, повеќе од 10 лица загинаа, а околу дваесет се ранети. Областа е контролирана од Армијата на Аракан (AA), една од најмоќните етнички групи што се борат против воениот режим. Воената влада на Мјанмар сè уште не ги коментирала нападите.

Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот

Воздушните напади станаа почести по воениот удар во 2021 година, со кој беше соборена избраната цивилна влада предводена од Аунг Сан Су Ќи. Тој настан предизвика долготрајна граѓанска војна во земјата. Армијата редовно спроведува копнени офанзиви и ги пали селата во областите што не се под нејзина контрола, а кои ги држат владата во егзил и вооружените етнички групи.

Новите напади дојдоа една недела откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот врз малцинството Рохинџа. Пресудата се однесува на воена операција од 2017 година, за време на која беа убиени илјадници луѓе, а повеќе од 700.000 беа протерани од земјата.

Властите во Мјанмар потоа ги отфрлија обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека армијата реагирала на напади од вооружени групи. Ова беше прва пресуда во историјата од меѓународен суд што ја прогласи државата за одговорна за извршување геноцид.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата