Воена парада во Дамаск по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал Асад (ВИДЕО)

8.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воена парада во Дамаск по повод првата годишнина од падот на режимот на Башар ал Асад (ВИДЕО)

Новиот сириски државен врв, предводен од Ахмед ал-Шара, спроведе темелни промени во политичкиот и безбедносниот сектор, модернизирајќи ја армијата врз основа на искуствата од граѓанската војна. На парадата беа прикажани бројни воени возила и оружје набавено од Турција, која е стратешки партнер на новата влада.

Презентирани беа и новите униформи со придружна опрема, при што летаа хеликоптери и воена техника наследена од сириската Народна армија на Асад. Особено значајни беа демонстрираните дронови и поголеми беспилотни летала, произведувани самостојно, иако сè уште во полуиндустриски услови.

Снимките го покажуваат и степенот на уништување на инфраструктурата во Дамаск, која претрпе сериозни гранатирања и бомбардирања за време на граѓанската војна.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата