Во Таџикистан убиени пет лица и ранети уште пет во два прекугранични напада од Авганистан

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Таџикистан убиени пет лица и ранети уште пет во два прекугранични напада од Авганистан

Во соопштението се наведува дека Рахмон се сретнал со раководителите на безбедносните агенции за да разговара за ситуацијата и начините за зајакнување на граничната безбедност.

Британските медиуми пренесуваат дека претседателот Рахмон остро ги осудил нелегалните и провокативни дејствија на авганистанските граѓани и наредил да се преземат ефикасни мерки за решавање на проблемот и спречување на повторување на вакви инциденти.

Таџикистан, поранешна советска република со население од околу 11 милиони, има напнати односи со талибанските власти во Авганистан.

Таџикистанските власти, кои претходно предупредуваа за шверцери на дрога и нелегално рударство на злато по границата со Авганистан, минатата недела објавија дека тројца кинески државјани се убиени во напад со беспилотно летало од Авганистан.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата