Бенџамин Ричи беше егзекутиран денеска со инекција во државниот затвор на Индијана во градот Мичиген, соопштија локалните затворски власти.
Во изјава објавена онлајн, тие соопштија дека егзекуцијата почнала нешто по полноќ, а смртта на затвореникот била објавена во 00:46 часот.
Четириесет и петгодишниот Ричи беше осуден на смрт во 2002 година, кога беше прогласен за виновен за смртоносно пукање во полицаецот од Бич Гроув – Бил Тони, додека се обидувал да побегне од апсење.
Осудениот изрази жалење за своите постапки за време на сослушувањето на почетокот од месецов, изјавувајќи дека се променил по повеќе од две децении поминати во затвор.