Полскиот вицепремиер и министер за национална одбрана Владислав Кошињак-Камиш, на платформата Икс, објави дека Варшава потпиша договор со осум скандинавски и балтички земји за изградба на нов воен центар за обука, „Камп Јомсборг“, во рамките на Центарот за обука на полските копнени сили во Нова Дебка-Липа.
Центарот е наменет за обука на војници на НАТО и украински војници за управување со беспилотни летала.
- Потпишавме договор со Норвешка, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Шведска, Финска и Исланд за проширување на центарот за обука. Ќе организираме мисии за обука за украинските војници во Нова Дебка-Липа. Нашите војници, заедно со украинските инструктори, ќе учествуваат во обука со беспилотни летала, наведе Кошињак-Камиш.
Во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, со поддршка на Норвешка отворен е центар за обука на украинската армија. Во центарот може да се обучуваат 1.200 украински војници.
Полска се сè уште не се приклучила на програмата „Приоритетна воена листа“ (ПУРЛ) за заедничко снабдување со оружје на Украина, Варшава не ја исклучува можноста тоа да го направи во иднина.