Во напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили

7.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во напад на јеменските Хути врз  јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили

Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен.

Тој  ги обвини Хутите кои се  сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата