Во Мајами продолжуваат мировните разговори меѓу САД и Русија

21.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Мајами продолжуваат мировните разговори меѓу САД и Русија

 Рускиот претставник  вчера накратко изјави дека разговорите се одвиваат конструктивно.

Володимир Зеленски од Киев пак, побара од САД да изврши поголем притисок врз Русија.

-Америка мора јасно да каже, ако не дипломатија, тогаш  ќе има целосен притисок, ќе има многу силен воен пакет за Украина, ќе има многу силна поддршка за Украина. САД ќе аплицираат санкции врз економијата, на сите сектори кои и носат пари на Русија. Путин се уште не го чувствува целосниот притисок кој би требало да постои,- -Володимир Зеленски, претседател на Украина.

 Кремљ денеска ја негираше изјавата на Зеленски дека САД планирале трилатерален формат на преговори, со претставници на Украина, Русија и САД на иста маса, иако дипломатски тимови од Украина и ЕУ се исто така присутни во Мајами. Досегашните состаноци се одвиваат одделно и на различни локации.

Директорката на американската национална разузнавачка служба пак иако не посочи никој директно, рече дека има и напори да се запре напредокот во преговорите.

-Она што го видов во овие месеци е дека секој пат кога ќе постигнат напредок и ќе се доближат поблиску до надежта за мир, подбуцнувачите на војна од длабоката држава се креваат и се обидуваат да направат сè што можат да ги запрат,- -Тулси Габард, директорка на националната разузнавачка служба на САД.

Како што пренесуваат  германските медиуми, засега не е постигнат компромис во однос на територијалните прашања, Русија како и Украина остануваат на своите црвени линии во однос на окупираната територија Донбас. Генералниот секретар на САД, Марко Рубио,завчера изрази сомнеж дека било која од двете страни во блиска иднина би капитулирала.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата