Во Германија се апсат малолетни „ловци на педофили“, ги намамуваат монструмите со ВИ снимка

29.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Германија се апсат малолетни „ловци на педофили“, ги намамуваат монструмите со ВИ снимка

Двајца мажи на возраст од 55 и 60 години од Северна Рајна Вестфалија се првите жртви на самопрогласените „ловци на педофили“ од регионот Харц, а двајцата завршиле со тешки повреди и биле хоспитализирани. Тие биле намамени од групата преку фотографија од девојче, која била генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Со вештачка интелигенција ја создале „Изи од Илсенбург“ со долга руса коса, која има 13 години и бара врски со постари мажи.

Три месеци подоцна, одделот за криминал ги следи бандите насилници и почнале да ги пребаруваат областите како што се Илсенбург, Друбек, Шматцфелд и Дарлингерод.

Инспекторите упаднале во зградата во која живееле осомничените рано изутрината, а огромното мнозинство од уапсените биле на возраст под 15 години. Сите оделе во средно училиште и потекнувале од семејства од висока средна класа. Тие беа синови на претприемачи, занаетчии, а исто така и државни службеници.

„Пребарени се вкупно 15 имоти. Има 16 осомничени, повеќето млади луѓе, но има и адолесценти. Истрагата се води за тешки телесни повреди и грабеж“, изјави за Билд високиот јавен обвинител Хауке Рогенбах.

Поради тешките повреди со кои се здобиле жртвите, постои можност обвинението да се преименува во „убиство во обид“.

Полицијата на осомничените ученици им ги заплени мобилните телефони, таблетите и лаптопите. Пронашле нелегални пиротехнички средства, џоинт, како и маскирни одела што ги носеле при нападот.

Родителите во регионот Харц се многу вознемирени, но многу малку од нив сакаат да зборуваат на оваа тема. Софија Д.(37) рече дека претресот во нивниот стан бил како да си имаат работа со најлоши криминалци.

„Нашиот син беше само во групата Whatsapp со другите. Тој не тепаше никого, му веруваме“, вели неговата мајка Софија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата