Во декларација од Глобалниот самит во Њу Делхи се повикува на безбедна, сигурна и стабилна вештачка интелигенција

21.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во декларација од Глобалниот самит во Њу Делхи се повикува на безбедна, сигурна и стабилна вештачка интелигенција

Во документот не се предвидуваат специфични регулаторни мерки, туку фокусот е на доброволни и необврзувачки иницијативи. Во декларацијата се наведува дека придобивките од вештачката интелигенција мора да бидат во интерес на целото човештво. За да се максимизираат „социјалните и економските придобивки“ и да се изгради доверба во технологијата, неопходен е развој на безбедни и одржливи системи, се вели и во документот.

За време на форумот, на кој присуствуваа десетици илјади претставници на влади, бизниси и академски кругови, САД повторно се изјаснија против глобално обврзувачката регулација на вештачката интелигенција. Сепак, декларацијата, потпишана и од американската страна, ја нагласува важноста од препознавање на „можните безбедносни аспекти“ на технологијата.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за време на состанокот најави создавање меѓународен експертски совет за вештачка интелигенција со 40 членови. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата