Во Белорусија почина уште еден политички затвореник

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Белорусија почина уште еден политички затвореник

Штермер (61) почина во затворската колонија во градот Шклов, но не се познати точниот датум и под кои околности починал. Бизнисменот Штермер во октомври 2023 година беше осуден на пет години затвор поради навреда на Лукашенко и критики на војната во Украина.

Според „Виасна“ Штермер е осми политички затвореник кој починал во затвор од 2020 година. Во Белорусија во моментот има над 1.200 политички затвореници, меѓу кои и основачот на „Виасна“ и добитник на Нобелова награда за мир, Алеш Бјаљацки.

Активистите за човекови права тврдат дека Штермер имал мозочен удар пред да биде префрлен во затвор, но дека не му била укажана медицинска помош.

Според Обединети нации, во Белорусија има најмалку седум политички затвореници со попреченост, како и 78 кои страдаат од хронични и сериозни акутни болести. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата