„Јас тоа им го ставив јасно до знаење“, рече Виткоф кога новинарите го прашаа во авионот „US Air Force One“ дали контактирал со Москва за да ја замоли да не споделува информации со Иран за можни цели или да дава друга поддршка.
Тој додаде дека се надева оти Русија не му дава таков вид помош на Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кога новинарите го прашаа дали Вашингтон има докази дека Русија споделува такви информации со Иран, рече дека не знае.
„Не знаеме. Дури и ако тие (Иран) ги добијат тие информации, тоа нема многу да им помогне“, рече Трамп.
САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари откако разговорите за нуклеарната програма на земјата не доведоа до договор, по што Иран одговори со воздушни напади врз Израел и цели во земјите од Блискиот Исток за кои рече дека се поврзани со американското присуство.

