Виткоф и Кушнер пред средбата со Путин, ручале во ексклузивен ресторан во Москва- платиле 300 евра

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Виткоф и Кушнер пред средбата со Путин, ручале во ексклузивен ресторан во Москва- платиле 300 евра

Пред нивната средба во Кремљ со рускиот претседател Владимир Путин, Виткоф и Кушнер се шетаа низ Москва во придружба на генералниот директор на RFDIF, Кирил Дмитриев, и ручаа во московски ресторан во близина на Црвениот плоштад, објави Си-Ен-Ен.

Дмитриев се шеташе низ Москва со Виткоф облечен во јакна со автограм од Путин.

Салатите што ги јадеа членовите на американската делегација чинеа приближно 3.500 рубли (околу 40 евра), топлите јадења се движеа од 1.500 до 7.500 рубли (17-85 евра), а десертите беа приближно 2.700 рубли (околу 30 евра).

Вкупниот оброк без пијалоци ги чинеше гостите најмалку 25.500 рубли (околу 300 евра).

Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, јаделе посикунчики (пити), филе од дивеч и препелица со хељда, а за десерт шарлот со јаболка.

По ручекот и прошетката, Виткоф и Кушнер отидоа во Кремљ каде што се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата