Високите температури на воздухот предизвикаа шумски пожари во Австралија

27.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Високите температури на воздухот предизвикаа шумски пожари во Австралија

Температурата во главниот град на австралиската сојузна држава Викторија, Мелбурн се искачи на 45 степени Целзиусови. Во северозападниот дел на Викторија измерени се рекордни 48,9 степени Целзиусови.

Во Викторија во моментот активни се шест големи шумски пожари, од кои три се вон контрола. Огнот најбрзо се шири во регионот Отвајс, каде изгореа околу 10.000 хектари површина и уништени се најмалку три објекти. Гаснењето е отежнато поради силниот ветер.

Поради топлотниот бран организаторот на тенискиот турнир „Аустралиан опен“ соопшти дека натпреварите ќе се одржуваат на надворешните терени со затворени кровови. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата