Видео: Силен земјотрес од 7,6 степени го погоди јапонското крајбрежје, издадено предупредување за цунами

8.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Силен земјотрес од 7,6 степени го погоди јапонското крајбрежје, издадено предупредување за цунами

Официјално е издадено предупредување за цунами за регионите Хокаидо, Аомори и Ивате, со можни бранови до три метра висина.

Потресот се случи на околу 84 километри од градот Хачинохе, во североисточниот регион на Хокаидо. По првиот земјотрес, следуваа уште два потреси – 15 минути подоцна се регистрира земјотрес со јачина од 5,6 степени, а десетина минути подоцна еден со јачина од 3,6 степени.

Епицентарот на првиот потрес бил на длабочина од 50 километри, а вториот земјотрес на иста локација на длабочина од 40 километри. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата