Видео-фото: Две лица уапсени за кражба на накит од Лувр! Еден „паднал“ на пат кон Алжир

26.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео-фото: Две лица уапсени за кражба на накит од Лувр! Еден „паднал“ на пат кон Алжир

Две лица се уапсени за кражба на кралски накит од музејот Лувр во Париз, објави Би-Би-Си.

 Француските медиуми известуваат дека осомничените за кражбата биле уапсени во сабота, 25 октомври. Еден од нив бил уапсен на аеродромот Шарл де Гол во Париз додека се обидувал да се качи на авион за Алжир.

Според парискиот печат, тие биле жители на предградието Сен-Сен-Дени во Париз.

На 19 октомври, од Лувр биле украдени девет парчиња накит од 19 век, кои им припаѓале на династиите на Наполеон Бонапарта и Наполеон III.

За време на бегството, крадците изгубиле дијамантска круна во близина на музејот, која била оштетена. Полицијата верува дека крадците имале помош одвнатре. Остатокот од кралскиот накит бил префрлен од музејот во трезорот на Банката на Франција од безбедносни причини.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата