Видео: Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз

21.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Едно лице загина, девет се сериозно повредени во торнадо северно од Париз

Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз.

Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана.

- Ненадејно и невообичаено интензивно торнадо погоди неколку градови во Вал-д’Оаз, при што едно лице загина, а неколку други се сериозно повредени, напиша францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњес на X.

Локалната префектура соопшти дека 150 пожарникари, припадници на служби за итни случаи и полицајци се распоредени во Ермон и блиските Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.

Во меѓувреме, 1.700 домаќинства од рано утрово останаа без струја, пренесе ДПА. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата