Видео: Двајца убиени во нов американски напад врз брод во Тихиот Океан

6.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Двајца убиени во нов американски напад врз брод во Тихиот Океан

„Двајца наркотерористи се убиени во оваа операција“, соопшти Јужната команда на САД на социјалната мрежа „Х“.

„Бродот го користеле одредени терористички организации и пловел по познати рути за трговија со дрога“, соопшти командата.

Информацијата не може да се потврди независно, додаде ДПА.

Од почетокот на септември, американските сили постојано напаѓаат бродови во Карибите и источниот Тихи Океан за кои тврдат, повикувајќи се на разузнавачки информации, дека превезуваат дрога.

Според официјалните бројки, повеќе од 100 лица се убиени во овие операции.

Американската администрација ги етикетира мажите како шверцери на дрога и „терористи“, но нападите предизвикаа остри критики.

Експертите за човекови права на ОН изјавија дека операциите може да го прекршат меѓународното право и да претставуваат вонсудски егзекуции. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата