Видео: Атентат во Московскиот регион! Убиен рускиот генерал Москаљик!

25.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Атентат во Московскиот регион! Убиен рускиот генерал Москаљик!

Москаљик беше заменик-началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија.

Според извештаите, експлозијата била предизвикана од импровизирана експлозивна направа поставена под автомобил пред станбена зграда во Балашиха, Московскиот регион.

Претставник на итната служба за РИА Новости изјави дека во атентатот е убиено едно лице. Руските власти се уште официјално не го коментираа инцидентот, ниту го потврдија идентитетот на убиениот офицер.

Рускиот медиум База, кој наводно има извори во безбедносните служби, објави дека бомбата била поставена во паркиран автомобил и активирана со далечински управувач кога офицер, кој живеел во близина, поминувал покрај возилото. Истражниот комитет го окарактеризира како убиство.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата