Веселба во Белата куќа- се вери синот на Трамп (ВИДЕО)

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Веселба во Белата куќа- се вери синот на Трамп (ВИДЕО)

Андерсон неодамна беше видена како носи дијамантски прстен на прстот, а портпарол на двојката ја потврди веста за свршувачката, објави Ројтерс.

По објавувањето на веста, се појави видео од Белата куќа на кое американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја објавува свршувачката.

Потоа тој го повика двојката на подиумот, каде Доналд Трамп помладиот ѝ се заблагодари на Бетина Андерсон за прифаќањето на неговиот предлог.

Доналд Трамп помладиот претходно беше во брак со Ванеса Трамп, со која се ожени во 2005 година во Мар-а-Лаго и со која има пет деца, а се разведоа во 2018 година.

По разводот, Трамп помладиот беше во врска со поранешната водителка на „Фокс њуз“, Кимберли Гилфојл, со која се вери во 2020 година.

Нивната врска заврши минатата година, околу времето кога Трамп помладиот беше првпат виден јавно со Андерсон.

Кимберли Гилфојл моментално е амбасадор на САД во Грција.

Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон, модел и ќерка на филантропите Хари Лој Андерсон помладиот и Ингер Андерсон, за прв пат беа фотографирани заедно во Палм Бич во август минатата година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата