Иако од една страна конклавата е религиозен настан, од друга страна таа е и главен извор на приход за целиот Ватикан, објави Кликс.
Италијанските медиуми објавија информации дека дури 5.300 новинари се акредитирани за конклавата што се одржува во Ватикан.
Со оглед на тоа што новинарите и снимателите бараат најдобри позиции за известување, местата во близина на оџакот на Систинската капела привлекуваат особено внимание за време на конклавата.
Оџакот, во зависност од бојата на чадот што излегува од него, сигнализира дали кардиналите избрале нов папа, а сите медиуми се обидуваат да го фатат тој момент на најдобар можен начин.
Според извештаите на италијанските новинари, балконите на Виа Паоло VI нудат најдобар поглед на оџакот.
Ватикан ги изнајмува овие позиции на медиумите по цена од 500 евра дневно.
Да потсетиме дека црн чад се појави над Сикстинската капела синоќа и претпладнево, што беше знак дека кардиналите не избрале нов папа.
Кардиналите денес имаат четири гласања во Систинската капела.