Варшава стравува дека американските власти би можеле да депортираат до 30.000 Полјаци

24.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Варшава стравува дека американските власти би можеле да депортираат до 30.000 Полјаци

- Тоа најчесто се Полјаци кои патувале во САД во 1990-тите и не се грижеле за нивниот миграциски статус, изјави денеска заменичката-министерка за надворешни работи Хенрика Мошицка-Дендис за радио станицата Tok.fm.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да преземе ригорозни мерки против имигрантите кои влегуваат во земјата илегално или кои веќе се во САД без валидна дозвола за престој.

Најавата за построга американска имиграциска политика се следи со загриженост во Полска, пренесе ДПА. На почетокот на неделата премиерот Доналд Туск му наложи на министерот за надворешни работи Радослав Сикорски да ги подготви конзулатите во САД за евентуална депортација на полски граѓани./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата