Ванг: Кина е подготвена за продлабочување на соработката со Канада

15.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ванг: Кина е подготвена за продлабочување на соработката со Канада

- Кина е подготвена да ја зајакне комуникацијата со Канада, да промовира меѓусебната доверба, да ги елиминира пречките и да ја продлабочи соработката, посочи Ванг.

Според него, тоа ќе придонесе за стабилни, значајни и одржливи билатерални односи.

Ананд е дел од делегацијата предводена од премиерот Марк Карни. Канадската делегација вчера пристигна во четиридневната посета на Кина. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата