Ужас во Германија: Таткото со нож го избодел 7- годишниот син, ноќе доаѓал да се заканува

22.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Германија: Таткото со нож го избодел 7- годишниот син, ноќе доаѓал да се заканува

Мајката на момчето скршена од  болка прашува дали можеше да се спречи неговата смрт.„Да реагираше навреме Канцеларијата за заштита на млади, денеска ќе беше жив“, вели мајката на момчето.

Требало поинтензивно да се следи односот на таткото кон децата. Откако родителите се разведоа во октомври 2021 година, постојано се појавувале проблеми.

„Постојано ме прашуваше каде сум, што правам, дали имам нови пријатели, Мете го нарекуваше копиле“, вели мајката.

Во април годинава момчето заминало кај татко му на викенд.

“Во саботата наутро ми се јави да го донесам бидејќи цела ноќ не можеше да спие поради него. Кога се појави на мојата врата со него, рече дека никогаш повеќе не сака да го види”, рекла неутешната жена.

Неколку недели подоцна, околу полноќ, Хакан дошол на вратата од станот во кој живеел Мете, пишува Билд.

„Ме разбуди и ми рече дека има нож со долго сечило. Исчезна пред да дојде полицијата“, рече таа.

Мајката потоа поднела барање за забрана за приоѓање и судот ја одобрил таа мерка.Кога ситуацијата се смирила, Хакан сакал повторно да го види синот.

„Стапив во контакт со Канцеларијата за млади. За време на разговорот, вработените го прашаа Мете дали сака да биде сам со татко му или некој да го придружува, а тој рече дека може сам“, се сеќава таа.

Тоа им било доволно и му дозволиле на момчето да оди сам. Пет дена подоцна тој бил мртов.

„Страшно е таква одлука да се остави на седумгодишно дете“, вели мајката.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата