Најмалку 22 лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар што избувна за време на свадба во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, изјави градоначалникот на Лингвала, Норберт Мусинга.
Мусинга им изјави на новинарите дека бројот на жртви од 22 е привремен и може да се зголеми, според АП.
Точната причина за пожарот сè уште не е позната.
„Ова е трагедија“, рече заменик-премиерот и министер за внатрешни работи на Конго, Жакмен Чабани, кој го посети местото на несреќата.
Смртоносните пожари се чести во густо населените области на Киншаса, каде што урбаниот развој често се одвива без соодветна инфраструктура, вклучително и противпожарни служби, објасни АП.
Според локалните медиуми, пожарите се особено чести за време на сувата сезона, а неколку вакви инциденти се случија во Конго оваа година.

