Ова е петти украински напад врз нафтовод што испорачува руска нафта во Унгарија и Словачка.
Гувернерот на регионот, Евгениј Первишов, претходно изјави дека украинскиот напад предизвикал пожар во складиште за нафта откако го погодил дрон.
„Пожарникарите и службениците за спроведување на законот брзо пристигнале на местото на настанот. Распоредени се сите потребни средства и ресурси“, напиша Первишов на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 102 украински дронови над руска територија во текот на ноќта. Според Министерството, 26 дронови биле уништени над Белгородскиот регион, 22 над Брјанскиот, 21 над Курскиот и 16 над Ростовскиот. Седум дронови биле неутрализирани и во Астраханскиот регион, шест во Саратовскиот и четири во Воронежкиот регион.

