Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраната за увоз на храна

18 септември 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Забраните на владите на три централноевропски земји имаат за цел да ги заштитат сопствените земјоделци од жито од Украина, по руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море.

„Важно е да се докаже дека овие постапки се правно погрешни. И затоа утре ќе започнеме правна постапка“, рече Качка додавајќи дека Киев планира да возврати со мерки против извозот на полско овошје и зеленчук.

„Ќе бидеме принудени да возвратиме со дополнителни производи, а тие би забраниле увоз на овошје и зеленчук од Полска“, изјави тој за Политико.

Трите земји се побунија против Европската комисија, која минатиот петок одлучи да дозволи продажба на украинско жито низ ЕУ. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ