Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј

28.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Украдени четири романски древни артефакти што биле позајмени на холандски музеј

Крадците употребиле експлозив за да упаднат во музејот Дрентс во Асен, каде што украле четири антички романски артефакти, вклучувајќи го и златниот шлем стар речиси 2.500 години од Котофенешти, кој бил позајмен од Националниот историски музеј во Букурешт.

Директорот на музејот Дрентс грабежот го нарече „црн ден“ за установата и истакна дека за 170 години колку што постои музејот, вакво нешто не се случило, пренесува Политико.

Романскиот премиер, Марсел Чолаку рече дека владата формирала „кризен тим“ за враќање на артефактите, вклучително и претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за култура и Министерството за надворешни работи.

Чолаку додаде дека министерката за култура Наталија Интотеро разговарала за кражбата со холандскиот премиер и холандското кралско семејство на маргините на настанот во Полска по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

Тој денеска истакна дека владата не одобрила заем на четирите украдени артефакти - шлем и три златни нараквици, на холандски музеј, правен предуслов за непроценливи предмети. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата