Според друг претседателски декрет, Аидос Мирзахметов, поранешен командант на силите за специјални операции, е назначен за нов министер за одбрана на Казахстан, објави „Казинформ“.
Министерството за внатрешни работи на Казахстан пред два дена објави дека властите уапсиле петмина службеници на Министерството за одбрана, вклучувајќи го и првиот заменик-командант на морнарицата, во врска со инцидентот.
Инцидентот се случил на 24 септември, кога припадници на казахстанската војска се истоварувале од патролен брод на брегот на Каспиското Море за време на лоши временски услови.
Три лица беа спасени од морето.

