Прада во порака на платформата X изјави дека апсењето на Арсе претставува „нелегално киднапирање“ и дека тоа се случило кога бил сам, на пат да земе некои роднини, и дека можеби бил однесен во затвор во близина на боливискиот главен град Ла Паз, објави Ројтерс.
Според Прада, Арсе бил однесен во Специјалните сили за борба против криминалот (FELCC), каде што пристигнал околу 15 часот по локално време, и ќе сведочи во Канцеларијата за јавна корупција.
Локалните медиуми објавија дека Арсе е уапсен како дел од истрагата за наводна проневера на средства од Фондот за развој на домородните народи додека бил министер за економија за време на мандатот на боливискиот претседател Ево Моралес од 2006 до 2019 година.
Според истрагата, додека Арсе бил министер за економија, тој наводно одобрил државни исплати од Фондот за староседелци на приватни сметки, вклучително и на сметката на поранешната конгресменка Лидија Пати, која моментално е притворена во затворот Обрајес, објавува боливискиот весник „Ла Разон“.
🚨🇧🇴 | #URGENTE AHORA SOLO FALTA EVO: La Justicia de Bolivia arrestó al expresidente socialista Luis Arce Catacora por múltiples causas de corrupción, a tan solo un mes de la asunción del derechista Rodrigo Paz. pic.twitter.com/bDwkjkx5ww
— La Derecha Diario (@laderechadiario) December 10, 2025
Поранешната конгресменка Лидија Пати пред неколку дена, за време на нејзиното сведочење, призна дека примила државни средства наменети за проекти финансирани од Фондот за развој на староседелци на приватни сметки, и дека тоа го правела по наредба на тогашниот министер за економија, Луис Арсе Катакора.
Случајот со Фондот за староседелски семејства е еден од најголемите корупциски скандали во Боливија, кој предизвикал штета од милиони долари на државата поради недовршени или непостоечки проекти.

