Цивилен авион пресретнат откако навлегол во забранетата зона за летови над имото на Трамп на Флорида

30.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цивилен авион пресретнат откако навлегол во забранетата зона за летови над имото на Трамп на Флорида

Северноамериканската командата за воздушна одбрана (НОРАД) соопшти дека авионот бил пресретнат од ловци„ Ф-16“. Тие испукале сигнални ракети за да го привлечат вниманието на пилотот и да воспостават комуникација, по што леталото безбедно било изведено надвор од забранетиот воздушен простор.

Во армиското сопштение не се посочува колку авиони биле вклучени во интервенцијата, ниту каков тип бил цивилниот авион.

Просторот над имотот „Мар-а-Лаго“ на Палм Бич речиси постојано е забранета зона за летањекога претседателот престојува таму.  Трамп често во викендите во зима оди на Флорида, каде беше и изминатите неколку дена.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата