Цените на нафтата се вратија на нивото под 100 долари за барел

9.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цените на нафтата се вратија на нивото под 100 долари за барел

Така, нафтата брент е во пораст од околу осум отсто и е на ниво од околу 99,5 долари за барел, а американската сирова нафта WTI (West Texas Intermediate) за околу четири отсто и се движи околу 95 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.

Со значително ограничениот сообраќај на танкери, неколку клучни производители, како што се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак, почнаа да го ограничуваат производството, бидејќи складиштата брзо се полнат. Прекинот во снабдувањето ги зголеми загриженостите за светскиот недостиг на енергија и растечка инфлација.

Сепак, цените подоцна се смирија откако министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји рекоа дека Г7 по потреба ќе ослободи нафта од стратешките резерви.

Минатата недела, суровата нафта скокна за околу 35 отсто, што е најголем неделен пораст во тргувањето од почетокот на евиденцијата во 1983 година. Последен пат цените се искачија над 100 долари за барел по почетокот на војната во Украина во 2022 година. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата