Скокот на цената го интензивираше и ќорсокакот во Ормускиот залив, кој освен што го секна протокот на нафта, стана и епицентар на конфликтот на Блискиот Исток.

Четири танкери гореа во заливот во последното деноноќие, за кои, според извештаите, стојат ирански проектили. Два биле погодени во ирачките територијални води, еден близу брегот на Емиратите, а во оган пламнал и германски товарен брод. И покрај тоа што агенцијата за енергетика алармира дека војната предизвикала историски најголемо нарушување на снабдувањето со нафта, американскиот претседател Трамп има оптимистички проекции.
-Нафтата ќе паѓа. Тоа е само прашање на војната што се случува. Речиси можете да ја предвидите. Би рекол дека поскапе малку помалку отколку што мислевме. Ќе паѓа повеќе отколку што ние можеме да замислиме. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Досега во Ормускиот теснец беа погодени 16 бродови, додека Иран тврди дека клучниот канал е под негова контрола и дека прашање на време е кога цената на нафтата ќе достигне 200 долари за барел. И светските експерти стравуваат од такво сценарио, според кои, ургентоното ослободување на 400 милиони барели нафта од страна на 32-те земји членки на Агенцијата за енергетика е само инстант решение.
-Тоа е највисока количина што некогаш била ослободена. Сепак, се работи за количина за помалку од 4 дена од глобалната потрошувачка на нафта. Ни треба Ормускиот теснец да се отвори, а тоа ќе потрае. Ќе видиме зголемена инфлација. Луѓето ќе го почувствуваат тоа во своите џебови. , изјави Корнелиа Мејер, експерт по енергетика.
На копно војната продолжува 13-ти ден. Ирански дронови погодија цели во Дубаи, вклучително и луксузна повеќекатница. Нападната била и италијанска база во Ирак. Израел соопшти дека погодил нуклеарен објект во Техеран, а во бомбардирањето врз Хезболах во јужен Либан биле убиени 10 луѓе. Иран и Израел синоќа и вербално се соочија во Обединетите Нации откако Советот за бебзедност усвои резолуција со која се осудуваат нападите на Техеран врз заливските земји.

-Целта на овој пристрасен политички текст, кој го промовира изралскиот и американскиот режим е јасен: да се сменат улогите и позицијата на жртвите и агресорите. , изјави Амир Иравани, амбасадор на Иран во ОН.

-Иран ја користеше дипломијата како покритие. Додека дипломатите зборуваа, центрифугите се вртеа. Додека се одвиваа преговори, режимот ја зајакнуваше нуклеарната програма. , изјави Дени Данон, амбасадор на Израел во ОН.
Во досегашниот конфликт, според извештаите, се проценува дека во Иран и во Либан загинале над две илјади луѓе.

