Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Тројца загинати во пукотница во САД: Влегол во продавница, убил и избегал (ВИДЕО)

24 јануари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Напаѓачот е во бегство и се смета за опасен.

Полицијата била повикана во продавницата Circle K во Јакима во 3:30 часот по локално време кога три лица биле пронајдени мртви, изјавил на новинарите началникот на полицијата во Јакима, Мет Мареј. Две жртви биле застрелани внатре во продавницата, додека третата била застрелана надвор. Полицијата овој напад го опишале како случаен чин на насилство, но со непознат мотив.

„Се чини дека ова е случајна ситуација. Немаше очигледен конфликт меѓу страните“, рече Мареј, додавајќи: „Човекот само влезе и почна да пука. Откако почна да пука во продавницата, вооружениот напаѓач истрча преку улицата и пукаше кај возилото, принудувајќи го возачот да седне на совозачкото седиште. Го украл автомобилот и побегнал, велат од полицијата.

Засега не е позната состојбата на возачот. Полицијата води истрага, собрала безбедносни снимки и изјави на сведоци. На социјалните мрежи објавиле фотографија од маж облечен во црна маица со качулка, фармерки, капа и бели патики Најк.

Јакима е град со околу 97.000 жители во долината Јамика во државата Вашингтон, земјоделски регион познат по културите на јаболка и винариите.

САД неделава ги потресе трагичната вест за последователни масовни престрелки во Калифорнија, во кои досега загинаа вкупно 18 жртви.

Само два дена откако вооружен напаѓач уби 11 луѓе во студио за танц во Лос Анџелес, уште седум лица беа убиени во земјоделска област надвор од Сан Франциско во првото пукање во последните децении. Властите се уште не ги утврдиле мотивите за нападите. Нападите биле извршени од мажи на возраст за пензионирање, многу постари од типичните извршители на масовните напади со оружје кои станаа речиси секојдневие во САД.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, рече дека бил во посета на ранетите во саботата во паркот Монтереј во предградието на Лос Анџелес кога слушнал за убиствата во северна Калифорнија во понеделникот. „Трагедија по трагедија“, напиша тој на Твитер.

Новиот напад се случи во крајбрежниот град Халф Мун Беј, на околу 50 километри јужно од Сан Франциско. Напаѓачот отворил оган врз група работници на фарма на две локации оддалечени околу километар и половина. Убил седум лица, а едно лице е тешко рането. Напаѓачот побегнал.

Напаѓачот, идентификуван како Чунли Жао (67), бил приведен веднаш по чинот. Тој седел во своето возило паркирано пред канцеларијата на шерифот каде што очигледно дошол да се предаде, според властите. Според полицијата, осомничениот работел на едно од местата на злосторството.

Претседателот Џо Бајден денеска објави дека е запознаен со настанот и ѝ наложил на неговата администрација да се погрижи локалните власти да добијат поддршка од федералната влада.

„Додека чекаме дополнителни детали за овие убиства, знаеме дека злото на оруженото насилство низ Америка бара посилна акција“, рече тој, повикувајќи го Конгресот да ја врати федералната забрана за напад со оружје.

Во одделен инцидент во пошироката област на Сан Франциско вчера вечер, кој привлече многу помалку внимание, едно лице загина, а седум беа повредени во „престрелка меѓу неколку луѓе“ во Оукленд, во околности што укажуваат на пресметка меѓу банди.

Во масакр во студиото за танц во паркот Монтереј, источно од центарот на Лос Анџелес, загинаа 11 лица, а девет беа повредени. Сторителот на нападот Ху Кан Тран (72) се самоуби во своето паркирано возило во неделата наутро, 12 часа по нападот, бидејќи се нашол опкружен од полицијата во градот Торенс, јужно од Лос Анџелес.

Полицијата истражува дали нападот бил поттикнат од љубомора или меѓучовечки односи.

Нападот се случил среде прославите на кинеската Нова Година во паркот Монтереј, центарот на азиско-американската заедница во Јужна Калифорнија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ