Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси

27.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Три лица загинаа во пад на мал авион во американската држава Тенеси

Во соопштението се наведува дека авионот полетал од американската држава Алабама и се урнал во саботата додека се подготвувал за слетување на регионалниот аеродром Апер Камберленд во округот Вајт, пренесе Ен-Би-Си.

Авионот се урна јужно од аеродромот во Спарта, се вели во соопштението.

Управата за вонредни ситуации, пожарникарите и волонтерите го пронајдоа урнатиот авион.

ФАА и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот ја истражуваат несреќата. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата