На прашањето дали разговарал со Володимир Зеленски за мировен план од 28 точки за Украина, Трамп рече: „Имаме план. Ужасно е што се случува. Тоа е војна што никогаш не требаше да се случи.“
„Мислиме дека имаме начин да постигнеме мир. Тој ќе мора да го одобри“, додаде американскиот претседател.
„Ќе мора да му се допадне“
Кога еден новинар му спомна дека мировниот план наишол на критики, Трамп возврати прашувајќи: „Мислите дека [на Зеленски] не му се допаѓа?“
„Ќе мора да му се допадне, а ако не му се допаѓа, тогаш претпоставувам дека треба да продолжиме да се бориме“, рече Трамп.
Тој, исто така, се потсети на своите претходни изјави. „Во еден момент, тие ќе мора да прифатат нешто. Се сеќавате во Овалната соба, не толку одамна, реков: „Немате карти.““
„Ја наследив оваа војна. Мислев дека требаше да постигне договор пред една или две години“, заклучи Трамп.
Што опфаќа американскиот план?
Според „Аксиос“ и други американски медиуми, предлогот од 28 точки вклучува, меѓу другото:
• Предавање на целиот Донбас на Русија, со американски безбедносни гаранции за Украина.
• Замрзнување на линијата на контакт во регионите Запорожје и Херсон.
• Официјално признавање на Крим и Донбас како руска територија.
• Укинување на санкциите врз Русија и намалување на американската воена помош за Киев.
• Намалување на украинските вооружени сили и забрана за распоредување на странски трупи и оружје со долг дострел на украинска територија.
• Статусот на рускиот јазик како државен јазик и признавање на канонската Украинска православна црква.

