Трамп: За мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“

7.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: За мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“

„Сега кога нуклеарниот арсенал што Иран го „создаваше“ е целосно готов, за мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи.

Како дел од „Абрахамскиот договор“, потпишан за време на првиот мандат на Трамп, четири земји во кои преовладува муслиманско население се согласија да ги нормализираат дипломатските односи со Израел со посредство на САД.

Напорите за проширување на договорот се комплицирани поради зголемениот број жртви и гладта во Газа, забележуваат агенциите. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата