Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

24.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп воведува 25 отсто царини за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Новите, таканаречени секундарни царини против Венецуела за нафта и гас, треба да стапат во сила од 2 април, објави Трамп на неговата платформа „Truth Social“, пренесува ДПА.

Како една од причините за оваа мерка, Трамп го наведе тековниот спор околу миграцијата, тврдејќи дека венецуелската влада намерно испраќала криминалци и членови на картели во САД.

Американскиот претседател, исто така, ја обвини владата во Каракас дека е непријателски настроена кон САД.

Трамп најави дека на 2 април ќе објави поширок сет на трговски мерки, кои ги нарече „Ден на ослободувањето“.

Покрај царините за трговските партнери на Венецуела, републиканскиот претседател планира да воведе и реципрочни царини, со кои ќе бидат опфатени земјите што вовеле тарифи на американски производи. Овие мерки би можеле да влијаат и врз Европската Унија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата