Изјавата следува откако за време на викендот беше соборен од власт венецуелскиот лидер Николас Мадуро и одведен во САД од страна на американските сили.
„Оваа нафта ќе биде продадена по пазарна цена, а средствата ќе бидат под моја контрола, како претседател на САД, за да се осигури дека ќе бидат искористени во корист на народот на Венецуела и на Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на својата социјална платформа „Трут соушл“.
Тој додаде дека му наложил на министерот за енергетика Крис Рајт веднаш да го спроведе планот. „Нафтата ќе биде транспортирана со танкери и директно доставена до пристаништата за истовар во САД“, изјави Трамп.
Еден барел нафта изнесува 159 литри.

