Трамп вели дека има „потенцијални договори“ со Индија, Јужна Кореја и Јапонија

1.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп вели дека има „потенцијални договори“ со Индија, Јужна Кореја и Јапонија

Запрашан за царинските договори Трамп во градскиот совет на телевизиската мрежа „Њу Нејшн“ (NewsNation), одговори дека тие имаат потенцијални договори со трите земји. 

Во меѓувреме, трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, потврди дека некои од овие договори би можеле да бидат финализирани во наредните недели, со фокус на зголемување на пристапот до пазарите, намалување на трговските бариери и зајакнување на економската безбедност, јавија британските медиуми. 

Напредокот во преговорите со Индија е особено значаен, каде што неодамнешните состаноци меѓу американскиот потпретседател  .Д. Венс, и индискиот премиер, Нарендра Моди, резултираа со акциски план за избегнување на планираните царини од 26 отсто за индискиот извоз.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата