Трамп тврди - Урнат најголемиот ирански мост – нова фаза на конфликтот

3.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп тврди - Урнат најголемиот ирански мост – нова фаза на конфликтот

 Американскиот претседател експресно ја исполни заканата. Речиси во исто време, во американски напад беше урнат најголемиот новоизграден ирански мост, долг еден километар и висок 163 метри, кој ги поврзува Техеран со градот Карај.

Најмалку осум луѓе загинаа, а стотина се повредени во бомбардирањето, кое Иран го нарече доказ за поразот на моралниот колапс на напријателот.

-За жал, овој мост кој беше дел од народната инфраструктура имаше многу важна улога во сообраќајот во земјата, кој го намалуваше вкупниот сообраќај за 14-15 проценти на западната оска и во 14 западни провинции. , изјави жител на Техеран.

Иран возвраќа со напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив. Погодена е рафинерија во Кувајт, а Техеран соопшти дека соборила американски авион ЕФ-35, но Вашингтон не го потврди тоа.

Ормускиот теснец останува во најголем дел блокиран, а како бомба одекна веста дека прв пат од почетокот на војната европско пловило помина низ каналот, контејнерски брод во француска сопственост. Дека клучната светска рута за проток на нафта, која ја контролира Иран за дел од земјите е проодна денеска се пофали и Индија.

-Преку овој разговор, што го имавме во последните неколку дена, имавме шест индиски бродови кои безбедно го поминаа Ормускиот теснец и продолжуваме да бидеме во контакт со релевантните партнери по ова прашање. , изјави Нитин Гадкгари, министер за транспорт на Индија.

Блокадата на Ормускиот Теснец која ја предизвика најголемата енергетска криза во поновата историја предизвикува загуби од над милијарда долари дневно. Дел од експертите алармираат дека кризата ќе потрае и во најоптимистичкото сценарио.

-Дури и утре да биде отворен Ормускиот теснец, проценките се дека ќе бидат потребни најмалку 200 дена за да се врати протокот како пред да почне бомбардирање на 28-ми февруари. , изјави Хенриета Трејз, економски аналитичари Сиднеј.

Проценките се дека во едно месечниот конфликт загинале над три илјади луѓе во Иран и Либан. Војната одзеде и 19 израелски цивилни жртви, 10 израелски и 13 американски војници. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата