Трамп со нов бисер: Гугл не ми дозволи да го преименувам Атлантскиот Океан во Трампов Океан (ВИДЕО)

22.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп со нов бисер: Гугл не ми дозволи да го преименувам Атлантскиот Океан во Трампов Океан (ВИДЕО)

Трамп зборуваше за истата идеја пред неколку дена, на политички митинг во Далтон, Џорџија.

„Ја повикав Google Maps затоа што сакав да го сменам името на Атлантскиот Океан во Трамп Океан. Сундар рече: „Не, не, не. Овој пат нема да го направам тоа“. А потоа додаде: „Господине, океаните се нешто друго. Тие се протегаат низ многу различни земји. Ве молиме, не барајте од нас да го направиме тоа“. Затоа веројатно ќе се откажеме од тоа. Нека остане Атлантски Океан“, рече Трамп.

Неговите изјави доаѓаат во време на обновени дипломатски обиди за ставање крај на војната во Украина. Неговиот специјален претставник Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург во среда, каде што разговараа за можноста за продолжување на мировните преговори.

По состанокот, Кремљ објави дека Русија е во принцип подготвена да ги продолжи трилатералните разговори со САД и Украина околу 10 ноември.

Трамп претходно изјави дека крајот на војната можеби е поблиску од кога било, но исто така го зголеми притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да се согласи на договор.

И покрај дипломатските напори, руските напади врз Украина продолжија. За време на посетата на Виткоф, Русија го ослободи 74-годишниот американски државјанин Стивен Хабард, кој беше држен во руски притвор повеќе од четири години. Тој беше заробен за време на борбите во Украина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата