Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“

7.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“

„Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“, напиша тој, еден ден откако Белата куќа објави дека не исклучува воената интервенција за преземање на Гренланд од сојузникот на НАТО, Данска.

Претседателот на американскиот Претставнички дом, Мајк Џонсон, денеска наведе дека не слушнал разговори за испраќање војска во Гренланд.

„Не мислам дека некој зборува за употреба на воена сила на Гренланд. Тие разгледуваат дипломатски канали“, рече Џонсон, кој призна дека не бил однапред информиран за воената акција одобрена од Трамп во Венецуела. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата