Изјавата доаѓа во време кога Вашингтон врши притисок врз венецуелскиот лидер Николас Мадуро да се повлече.
Зборувајќи со новинарите во Флорида, Трамп рече:
- Можеби ќе ја продадеме, можеби ќе ја задржиме. Можеби ќе ја користиме во стратешки резерви. Исто така, ги задржуваме и бродовите.
Администрацијата на Трамп ја обвинува Венецуела дека ги користи приходите од нафта за финансирање на криминал поврзан со дрога, додека властите во Каракас ги опишаа запленувањата како „пиратство“.
Американската војска заплени два танкери за нафта овој месец, вклучувајќи го и еден во саботата, објави Би-Би-Си.

